b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_08_larso.jpg

РК Еурофарм Пелистер денес го започнува својот настап на јубилејниот педесетти турнир во Струга. Низ историјата трофејот од овој турнир дванаесет пати завршувал во нашите витрини.

Изјави на тренерот и капитенот на екипата пред овогодишното натпреварување.

Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Возбудени сме што ќе гостуваме во Струга. Од моите пријатели слушнав дека се работи за квалитетен турнир со долга традиција. Доаѓаат многу добри тимови и тоа е одлично за нас. Ни треба таква силна конкуренција да ја воиграме екипата пред натпреварот против Мешков Брест. Се бориме со времето, бидејќи немаме многу време. Очекувам од натпревар во натпревар во Струга да бидеме подобри и само подобри. За мене важен е напредокот, а не финалниот пласман.

Сите екипи се квалитетни и сите ги респектираме. Но, ние нема да мислиме на нив, туку само на нас и на воигрувањето. Имаме многу нови играчи и веројатно ќе ни треба време да дојдеме до вистинскиот Еурофарм Пелистер.

Мирко Радовиќ
(капитен на Еурофарм Пелистер)

Турнирот во Струга ни е идеален турнир да се подготвиме за она што ни следи: Суперкупот и СЕХА лигата. Тоа ќе биде убаво искуство. Таму имаме пријатни спомени, игравме одлични натпревари во Струга. Некои ги добивме, некои ги загубивме. Очекувам одлична подготвителна недела. Ги знаеме сите екипи кои доаѓаат. На овој турнир се гледаме себеси и цел ни е да се подготвиме на овој нов систем и на тоа што ни следи наскоро.

Ќе биде квалитетен турнир, како и секоја година. Има квалитетни домашни екипи, квалитетни се и странските екипи и очекувам машка борба и многу квалитетни натпревари.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723