b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_08_susio.jpg

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека нов член на нашиот клуб е тунискиот репрезентативец Мохамед Суси. 29-годишниот лев бек потпиша договор на една година, со опција за уште една ако двете страни бидат согласни. Трансферот е официјализиран откако ракометарот денес пристигна во Македонија и ги мина задолжителните медицински прегледи.

Долгогодишниот репрезентативец на Тунис доаѓа во Битола по долги години елитен ракомет во Франција. Минатата сезона го носеше дресот на Трембле, а претходно три сезони играше во Лигата на шампионите за Монпелје. Бени Киар и Клуб Африкан се негови клубови во тунискиот шампионат. Со Монпелје стана европски првак во 2018 година, а следната сезона со истата екипа го освои и Суперкупот на Франција.

Суси има преку сто настапи за туниската репрезентација, настапи на три Светски првенства и еден олимписки ракометен турнир. Со својата селекција го освои првенството на Африка во Габон во 2018 година, а две години подоцна беше сребрен на домашен терен. Со Тунис има и сребро на Медитеранските игри во Тарагона во 2018 година.

Суси е висок 193 сантиметри и тежок 98 килограми. Суси веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Ларс Валтер на тренинзите на екипата во Струга. Официјално пред медиумите ќе биде претставен в понеделник на 22 август во 20:00 часот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723