b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_08_zokis.jpg

Во предвечерјето на првиот европски настап, четврт-финалето на СЕХА лигата и почетокот на домашното првенство, семејството Еурофарм Пелистер одржа свеченост на која ги промовираше засилувањата, новите дресови, новите капитени, а од управата ги потврдија и нивните цели за сезонава. А тоа се сите домашни трофеи.

Претседателот Проф. д-р Зоран Стерјев во својот говор истакна:

„Задоволство ми е што сум во овој величенствен објект „Gold Felicia“, со кој потпишавме договор и ќе биде наш спонзор сезонава. Уште поголема гордост чувствувам кога ги гледам нашите две екипи, компетитивни и спремни за новата сезона. Ние сме уникатен пример за два клуба од исто ракометно семејство кои играат во европските клупски натпреварувања и верувам дека наредна цел треба да ни биде да подигнеме трофеи со двата клуба. Посебно сум задоволен што секоја година промовираме членови од Еурофарм Пелистер 2 во новајлии во првиот тим. РК Еурофарм Пелистер ќе ги нападне и има за цел да ги освои сите домашни трофеи: Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, добра презентација во СЕХА лигата, а во ЕХФ Лига Европа се стремиме да ја поминеме групната фаза. Доколку успееме во тоа, зошто да не отидеме и чекор подалеку од минатите сезони. На момците од Еурофарм Пелистер 2 им посакувам повторување на ланските резултати и место во плеј-офот. Тие знаат секогаш да нè изненадат со постигнувањата на теренот. Благодарност до спонзорите кои нè следат и го препознаваат овој проект, до нашата армија симпатизери и се гледаме во спортската сала „Боро Чурлевски“. Ви посакувам добро здравје, напорна и професионална работа и многу успеси“.

Новиот Еурофарм Пелистер љубителите на ракометот на дело ќе може да го видат в четврток навечер против Мешков Брест.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723