b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_08_mirkos.jpg

Во драматичен ракометен натпревар и по изведување на пенали ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го совладаа Мешков Брест со 27-26. Во регуларниот тек, натпреварот одигран во Битола заврши нерешено 23-23.

Во фер и коректен натпревар битолчани заслужено патуваат во Задар на завршниот турнир од ракометната СЕХА лига, каде силите ќе ги одмерат со Веспрем од Унгарија. По натпреварот капитенот Радовиќ и еден од најдобрите Танкоски ги искажаа емоциите од натпреварот.

Мирко Радовиќ
(капитен на Еурофарм Пелистер)

Како да не стегнете заби кога играте со овие момци и пред ваква публика, нема нешто што може да ме спречи да играм. Сакам да ѝ се заблагодарам на публиката, на ваквите навивачи, ова е една неверојатна атмосфера, уживање е да се игра тука ракомет. Би кажал дека и играчите покажаа еден невиден карактер. Дури и кога примивме гол во последната секунда, стиснавме заби и победивме на пенали, на најубав можен начин. Сега одиме на завршниот турнир.

Марио Танковски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Прекрасно е да се игра во ваква атмосфера и пред овие навивачи. Водевме во текот на сите 60 минути и ќе беше штета да не победевме. Седмерците се лотарија, но покажавме карактер, верба и мислам дека заслужено победивме. Не треба да трошиме зборови за Веспрем и дуелот во полуфиналето. Ќе одиме во Задар да уживаме.

Валтер им даде слободен ден на ракометарите, а од сабота ќе започнат да го подготвуваат завршниот СЕХА-турнир во Задар.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723