b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_08_emilijan.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре патуваат за Задар, каде што ги очекува вистински предизвик со настапот на завршниот турнир во СЕХА лигата.

Левиот бек Емилијан Ѓорговски и тренерот Ларс Валтер зборуваа пред битолските новинарите пред последните тренинзи пред летот за Хрватска.

Емилијан Ѓорговски
(РК Еурофарм Пелистер)

 

Ги почнав подготовките со Еурофарм Пелистер и продолжив со нив. Напорно трениравме во Маврово, турнирот во Струга го минавме одлично и така продолживме. Добив минутажа против Мешков Брест и одиграв максимално колку што можам. Ја остваривме целта и сега сме пред првиот историски настап на Ф4 во СЕХА лигата во Задар. Се гледа дека во тимот има повеќе хармонија, дружељубивост и борбеност. Веспрем е великан, бранител на СЕХА-титулата. Ќе дадеме максимум и ќе се бориме да го добиеме тој натпревар.

Ларс Валтер
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)

 

Беше фантастично против Мешков Брест. Фановите ја завршија својата работа и беше многу важно за нас да имаме таква поддршка. За мене посебно беше емотивно, бидејќи бев во многу клубови во Европа, но вакво нешто не сум видел досега. Беше задоволство, беше фантастично.

Наша цел беше да стигнеме на „фајнал-фор“ на СЕХА лигата и сега имаме голем предизвик во името на Веспрем, еден од најдобрите светки клубови. Треба да одиме таму и да уживаме, да играме слободно. Тука ја гледам нашата шанса.

Од недела во недела учиме и учиме заедно. Тоа е она што треба да го правиме во следните месеци и мислам дека околу Божиќ ќе го видиме вистинскиот лик. Се надевам дека нема да направиме многу грешки по пат и цел ни е секој натпревар да биде што е можно подобар.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723