b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_09_pel2aplaaaa.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во недела во Битола го пречекуваат австрискиот тим Алпла Хард во реванш натпреварот од првото квалификациско коло за место во групната фаза во Европската лига на ЕХФ.

Тимот на тренерот Александар Јовиќ на првата средба во Австрија загуби со 24-21. Во Битола ќе треба да ги надомести овие три голови негатива за да се пласира во следната рунда. На средбата со новинарите зборуваа Павле Петровиќ и Иван Димитровски.

Иван Димитровски
(РК Еурофарм Пелистер 2)

 

Очекувам перфектна вечер в недела. Искрено верувам дека ќе ги добиеме со помош на публиката. На наши грешки го загубивме натпреварот во Австрија. Се надевам дека ќе ги поправиме тие грешки, бидејќи добро го анализиравме противникот. Мислам дека ќе победиме со четири или повеќе гола разлика. Мислам дека треба да играме наша игра и да не мислиме многу на противикот.

Павле Петровиќ
(РК Еурофарм Пелистер 2)

 

Првите впечатоци се силни, најмногу заради тоа што мене тоа ми беше прв европски натпревар. Мислам дека можевме многу подобро и загубивме на нашите грешки. Ако секој го даде својот максимум и со помош на публиката можеме да ги победиме. Добро се држевме во одбраната во Австрија, но многу грешевме во нападот и затоа загубивме. Можеме да им парираме и многу подобро ќе биде на реваншот во Битола.

Натпреварот се игра в недела од 19:00 часот, а билетите се продваат по цена од 150 денари.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723