b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_09_denisvailev.jpg

Ракомет Суперлига 2022/23 – група Б

Второ коло

Еурофарм Пелистер – Голден Арт 32-25 (14-14)

Втор натпревар и втора победа за ракометарите на Еурофарм Пелистер во групата Б на Суперлигата. Попладнево во Битола падна Голден Арт со 32-25 (14-14). Момците на Матлиески во првиот дел играат мотивирано и полетно, дури и водеа, но на поолѕвреме се замина со израмнети 14-14.

Почетокот на вториот дел ја донесе одлуката: Одбраната и Кизиќ примија само три гола во дваесеттина минути, а Тунижаните Хосни и Суси ја наполнија мрежата на Даскаловски. Предноста брзо беше двоцифрена и лесно битолчни приведоа кон крај за финални 32-25.

Предводник во победничката екипа беше Усами Хосни со девет постигнати погодоци. Во екипата на Голден Арт се истакнаа Пеце Рајатовски и Мице Шилегов со пет погодоци, додека Ивица Илиев и Тони Јакиќ постигнаа по четири гола во мрежата на домаќинот.

Спортска сала: „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески 1, Кузманоски 1, Стоилевски, Радовиќ 2, Танкоски 4, Хосни 9, Костески 2, Дејвис, Кукоски, Ѓорговски 4, Васиљев, Суси 5, Пешевски 1, Пав. Атанасијевиќ 3
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 6 минути

Голден Арт:
Даскаловски 1, Виларов, Јакиќ 4, Трајковски, Даев 2, Гучевски, Шилегов 5, Јанковски, Рајатовски 5, Павличковски, Илиев 4, Мандиќ, Налетовски, Милошески 1, Дрпљанин 1, Гошески 2
Седмерци: 2/0
Исклучувања: 4 минути

Во следното трето коло в петок од 17:00 часот Еурофарм Пелистер го игра градското дерби против Еурофарм Пелистер 2.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723