b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_10_valterarhus.jpg

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер утре во Битола ќе го има европското деби оваа сезона, а ривал ќе биде осмопласираниот тим од данското првенство, Архус. На средбата со новинарите говореа тренерот и ракометарите на Еурофарм Пелистер.

Тренерот Ларс Валтер вели дека тоа ќе биде огромен испит за битолчани, кои не играа најдобро на дуелот против Пролет.

Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Ако го гледавте натпреварот против Пролет, не сме баш спремни за Европа, затоа што игравме екстремно лошо. По десет дена без шест репрезентативци малку нарушен ни е ритамот, па затоа работиме денес и утре да се поправиме. Веќе денес тоа изгледа подобро и наша цел во вторник е победа.

Видов многу натпревари на Архус оваа сезона. Не знам дали имаат проблеми, затоа што загубија многу натпревари со еден-два разлика. Во Данска секој од шеснаесетте екипи во Првата лига може секого да победи. Можеби имаат премалку бодови, но тие се добра екипа. Играа многу брзо и мора да бидеме подготвени.

Кога нашите навивачи се тука и ќе ја исполнат оваа сала тие се секогаш во форма и можеме да научиме нешто од нив. Извонредно е тука и едвај чекам да ја почувствувам таа атмосфера.

Павле Атанасијевиќ
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Се подготвуваме многу добро, јако тренираме. Ја гледавме данската екипа како игра, се поставуваме да играме подобро и мислам дека на крајот од денот ќе издвојуваме победа. Многу добро ни дојдоа овие седум натпревари од домашното првенство, се разигруваме и тоа е многу добро за нас пред европските натпревари.

Мирко Радовиќ
(капитен на Еурофарм Пелистер)

Добро се подготвуваме, направивме видео-анализа. Знаеме каква екипа ни доаѓа. Играат добро тимски, брзо се движи топката, тоа е таа данска школа на ракомет. Многу брзо играат, трчаат брз центар... Немаме многу време за подготовка, но ние знаеме каква екипа сме и што можеме. Во оваа атмосфера мислам дека имаме шанси и тоа ќе го покажеме во вторник.

Ќе видиме колку ни одговараат со стилот. Во овој прв дел од сезоната немавме можност да се сретнеме со екипа која игра таков атомски ракомет. Но, мислам дека треба да се грижиме повеќе за нас и нашата игра. На нашата игра е акцентот. Во оваа атмосфера имаме што да покажеме и гледачите ќе уживаат како и на секој европски натпревар во Битола. Да покажеме каква екипа сме кога играме на домашен терен.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723