b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_02_stevanovic.jpg

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека од денес нов член на нашиот клуб е српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ. Се работи за 26-годишен лев бек, кој доаѓа во Битола од белорускиот шампион Мешков Брест. Стевановиќ е роден во Лазаревац, блесна во Партизан, настапуваше во Балатонфуреди и Егер во Унгарија, Ал-Араби и Ал-Веда во Катар и неполна сезона во Белорусија.

196-сантиметри високиот Стевановиќ запиша и пет настапи за српската репрезентација. Доаѓа во Битола на обострано задоволство, по кое е потпишан договор заклучно со јуни 2024 година.

Ракометарот веднаш ќе ги започне индивидуалните тренинзи, со оглед на тоа што екипата е веќе во Берлин на натпреварот против Фуксе Берлин во ЕХФ Лига Европа, а од четврток ќе се приклучи кон групата.

Неговото официјално претставување пред медиумите е предвидено кон крајот на неделата. Дебито на Стевановиќ ќе биде дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер следниот викенд.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723