b_640_480_16777215_00_images_vesti_2016_07_ive_maroko.jpg

Новиот член на Супер лигата, ХЈС Работник од Битола ги покажува големите амбиции во новата сезона во која премиерно ќе игра во елитата.

Денес првите луѓе на клубот Иван Марковски и Александар Зарков во Истанбул потпишаа договор со мароканскиот репрезентативец Асраф Адил. Кружниот напаѓач во мароканската амбасада во Истанбул стави потпис на двегодишен договор со битолскиот суперлигаш. Се работи за стандарден репрезентативец на Мароко и човек кој има 58 настапи за својата земја.

Адил е трето ново име во ХЈС Работник по Филип Чурлевски и Мите Караиванов. Овој клуб веќе е во преговори со лев бек, исто така со интернационално искуство и тој би требало наскоро да биде промовиран пред пошироката јавност.

Очигледно македонскиот ракомет добива уште еден сериозен и добро организиран клуб. Иако ХЈС Работник постои само пет години, а две години игра во натпреварувачки систем. сепак покажува дека плановите и најавите не се само празни ветувања.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723