hjs_1.jpg

Ракометарите на ХЈС Работник од Битола направија голем исчекор кон пласман во Супер лигата со вечерашната победа во дербито од Првата лига во Богданци против Младост со 26-31 (14-16). Екипата која ја водат Иван Марковски и Александар Зарков водеше од почетокот до крајот на мечот и со тоа завршија огромна работа на патот кон Супер лигата.

Во победничката екипа од Битола се истакнаа Игор Илиевски, Влатко Тасевски и Дарио Петровски со по 7 гола, а кружниот напаѓач Трајковски даде 4 гола. Со само еден пораз младиот клуб ХЈС Работник со голема веројатност ќе биде екипата која ќе обезбеди директна промоција во Супер лигата на крајот од сезоната.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723