b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_11_1700560372224.JPEG

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ќе го пречека ПИК Сегед в среда во осмото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) и ќе се обиде да стигне до првата победа во елитното натпреварување. Тренерот на битолчани, Бранислав Ангеловски кажа дека го загрижува фактот што на претходниот меч против Пик Сегед лесно се предале во завршницата, но се надева дека овој пат нема да се повтори такво нешто.

На прес-конференцијата пред натпреварот зборуваа и Павле Петровиќ и Каспер Кисум.

Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Ни доаѓа противник против кој во претходниот натпревар минатата недела одигравме добро прво и катастрофално второ полувреме. Реализаторски одигравме лошо второ полувреме кое дозволи ПИК Сегед да направи голема разлика и да нè деморализира. Таа работа не треба да ни се случи на натпреварот во Битола. Добро ги познаваме, ќе имаат поголема ротација и ќе играат некои ракометари кои не настапија во Унгарија. Најмногу ме разгрижува тоа што лесно се предадовме, иако имавме активен резултат до 50. минута. Пред нашите симпатизери и верни навивачи, од кои имаме огромна поддршка, верувам во подобро издание и подобар резултат од тој во Сегед.

Павле Петровиќ
(РК Еурофарм Пелистер)
Добро се држевме во Унгарија, игравме добро прво полувреме, не бевме толку лошо и во второто, но промашивме премногу зицери. Тоа беше причината за поразот. Се спремаме уште посилно за да се поправиме. Со истиот пристап треба да почнеме како во Сегед. Ќе продолжиме да работиме како досега и максимално верувам во тимот. Ќе имаме доста помош и во соблекувалната и на теренот од новото засилување, Филип Кузмановски. Сакам да ги повикам нашите навивачи да ни помигнат да дојдеме до посакуваната прва победа.

Каспер Кисум
(РК Еурофарм Пелистер)
Не знам дали беше најдобро, но првото полувреме во Сегед беше едно од нашите најдобри оваа сезона. Убеден сум дека можеме и подобро, но мора да останеме фокусирани и да го продолжиме квалитетниот период уште повеќе. Проблемот на тој прв натпревар беа многубројните промашени зицери. Во Лигата на шампионите уште на стартот видовме дека секоја грешка е примен брз гол. Мора да ги сведеме на минимум грешките. ПИК Ссгед е одлична, динамична екипа. Имаат одлични шутери и пивотмени кои играат добро „еден на еден“. Мора да се справиш со различни типови на играчи кога играш одбрана против овој тим. Шест на шест во одбрана игравме добро во поголем дел од натпреварот. Треба да продолжиме со овој план на игра. Многу научивме од првиот натпревар и со нашите фанови имаме шанси да го победиме ПИК Сегед.

 

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723