b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_11_rakomet-superliga-eurofarm-pelister-2-aerodrom-8.jpg

Аеродром – Еурофарм Пелистер 2 26-27 (12-13)

Еурофарм Пелистер 2 беше подобар на гостувањето кај Аеродром со 26-27 во последниот натпревар од 12. коло на Суперлигата. Во првото полувреме се водеше голема битка на теренот, а на паузата со водство од еден гол замина гостинскиот тим (13-12). Еурофарм Пелистер 2 заигра подобро во вториот дел и поведе со 13-19, по што Аеродром постојано бркаше негатива и во завршницата стигна до 26-26. Битолскиот тим го врати водството во следната минута (26-28), а Аеродром пропушти шанса да освои бод откако не реализира напад.

Наум Костов со дванаесет гола беше најдобриот поединец кај домашниот тим. За Еурофарм Пелистер 2 се истакна Мирче Калајџивоски осум гола, а два помалку постигна Белистојановски.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Група А – Дванаесетто коло

Аеродром – Еурофарм Пелистер 2 26-27 (12-13)

Спортски центар „Јане Сандански“ - Скопје
Гледачи: 200
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви

Аеродром:
Кизиќ 1, Богдановски, Пајкоски 4, Бучуковски 2, Меловски 1, И. Митревски 3, Костов 12, Павличковски, Олтовски 1, Стојановски, Трифуноски, Бошковски, Василев, Анакиевски, Анѓелковски 2, Груевски
Седмерци: 14/10
Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Штаковски, Младенов, Печурица, Маркоски, Талевски 4, Ристевски 2, Х. Митревски 2, Димовски, Трпчевски 4, Димитровски, Калајџиовски 8, Ивановски, Белистојановски 6, Југовски, Мијушковиќ, Хаџиќ 1
Седмерци: 8/4
Исклучувања: 8 минути

На две кола до крајот на регуларниот дел Еурофарм Пелистер 2 има шанси за пласман во плеј-офот, но не зависи сам од себе.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723