b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_12_1701543425248.JPEG

Ракометарите на Еурофарм Пелистер немаа милост за Пролет и убедливо го совладаа во дуелот од 13. коло на Суперлигата. Александар Јовиќ се врати во Битола еден месец откако го напушти кормилото, но овојпат како тренер на Пролет. И покрај тоа што добро ги познава ракометарите на шампионот, разликата во квалитет е евидентна и македонскиот првак оствари рутински триумф, реализиран со единаесет голови разлика.

Кузмановски, Пешевски и Радивојевиќ постигнаа по четири гола во победничкиот тим, а најмногу на натпреварот постигна Арсеновски од редовите на Пролет. Играч на натпреварот беше Марко Кизиќ, кој ги собра аплаузите од моментот кога влезе во игра, по само десетина минути. Ангеловски им даде слободен ден на Лесјак, Сери, Кисум, Нилсен...

Ракомет
Суперлига 2023/24
Група Б – 13. коло

Еурофарм Пелистер – Пролет 32-21 (18-13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Еурофарм Пелистер:
Гедбан, Кизиќ, Цехте 3, Тајник, Борзаш 3, Танкоски, Радивојевиќ 4, Кузмановски 4, Костески 2, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски, Васиљев 4, Пешевски 4, Пав. Атанасијевиќ 3
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути

Пролет:
Михаљевиќ, Петковски, Јовановски, Ниновски 1, Крстески, Пецаковски 1, Кочаров 1, Додевски, Димов 2, Андоновски 4, Мајнов, Димковски 3, Стојановски 2, Димитриевски 1, Младеновски 1, Арсеновски 5
Седмерци: 4/1
Исклучувања: /

Во последното 14. коло од групната фаза, Еурофарм Пелистер гостува против соседот Прилеп.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723