b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_04_ImportedPhoto_1712510600808_1.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 забележаа витална победа во борбата за опстанок во лигата и го совладаа соседниот Прилеп со 32-21 (15-12). Екипата на Михаил Петровски водеше од првата до последната минута и победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање.

Митревски со седум и Хаџиќ со шест гола беа најефикасни кај битолчани, додека осум кола за Прилеп постигна Органџиев.

Ракомет
Суперлига
Плеј-аут
Седмо коло:

Еурофарм Пелистер 2 - Прилеп 31-22 (15-12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 2.000
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски

Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Младенов, Штакоски, Маркоски 5, Талевски 3, Митревски 7, Мирчески, Трпчевски, Димитровски, Калајџиовски, Пецаковски, Ивановски 4, Белистојановски 2, Југовски, Мијушковиќ 4, Хаџиќ 6
Седмерци: 4/4
Исклучувања; 6 минути

Прилеп:
Ацевски, Кастратовиќ 2, Рајатовски 1, Бикоски 1, Ангелески, Велески 2, Органџиев 8, Бурчески, Лозаноски, Цветаноски 3, Шабановиќ 1, Имнадѕе, Квастек 2, Трајкоски, Трајчевски, Андраде 2
Седмерци: 6/4
Исклулувања: 8 минути

Во осмото коло на плеј-аутот Еурофарм Пелистер е слободен, а во деветтото следниот викенд гостува во Куманово.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723