b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_04_pel_so_oh.jpg

Еурофарм Пелистер играше под притисок, но актуелниот шампион позитивно одговори исе врати на првото место на табелата. Битолчани имаа на хартија тешко гостување во Охрид, но во 10. коло од плеј-офот покажаа класа и славеа уверливо со 22-29 крај езерото. Еурофарм Пелистер го диктираше темпото од самиот старт и се погрижи за предност од три гола на полувреме (11-14), а потоа во клучниот период уште толку ја зголеми предноста.

Гедбан со фантастични интервенции им овозможи на своите соиграчи добро да се одлепат на семафорот, па веќе во раната фаза на вториот дел стана јасо дека Пелистер ќе оствари победа. На крајот битолчани се враќаат дома со победа од седум разлика па на четири кола пред крајот се враќаат на првото место на табелата и зависат сами од себе кога е одбраната на титулата во прашање.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф - 10. коло

Охрид - Еурофарм Пелистер 22-29 (11-14)

Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид
Гледачи: 2.500
Судии: Сашо Кркачев и Ѓорѓи Колевски

Охрид:
Ѓорѓевски, Ристевски, Ојлески 1, Матцуока 1, Јукиќ 2, Стоилевски 2, Дрогришки, Пелидија, Тасевски 2, Шафранко 1, Кукоски, Крстевски, Шешиќ 1, Орјоканидѕе 4, Бојаниќ 2, Цирар 6
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Манасков 1, Цехте 1, Кузманоски 1, Тајник 3, Борзаш, Танкоски, Радивојевиќ 6, Кузмановски 10, Петровиќ, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски 1, Васиљев 3, Пешевски 2, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 2 минути

Во следното 11. коло Еурофарм Пелистер гостува кај тимот на Пролет во Скопје.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723