Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија на третиот натпревар во Лигата на шампионите, овојпат на гостувањето во Романија кај Динамо Букурешт. Домашниот состав покажа дека е на друго ниво, го потврди статусот на фаворит и со 34-25 дојде до три од три во групата А во елитното натпреварување.
Динамо се избори за убедлива предност од шест разлика по првиот дел (19-13), па воден од таа енергија, самодоверба лесно му беше во продолжението во кое во неколку наврати водеше и со десет разлика. Кузмановски со девет погодоци ја предводеше листата на стрелци кај битолчани, Роста пак со седум реализации беше прво име кај победникот.
Ракомет
Лига на шампионите 2024/25
Б група - трето коло
Динамо Букурешт - Еурофарм Пелистер 34-25 (19-13)
Спортска сала „Поливалента“ - Букурешт
Гледачи: 2.000
Судии: Марион Кул и Алвар Тинт (Естонија)
Црвен картон: Илија Абутовиќ (Еурофарм Пелистер)
Динамо Букурешт:
Цупара, Јанку 1, Рошта 7, Али Зеин 5, Трастарсон 4, Ѓукиќ 3, Негру 3, Акименко 3, Кудуз 2, Лумбросо 2, Блажејевич 1, Лангаро 1, Пасквал 1, Кашпарек 1, Вујовиќ, Милитару
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Кузмановски 9, Радивојевиќ 6, Пешевски 3, Пав. Атанасијевиќ 3, Борзаш 2, Хосни 2, Манасков, Цехте, Ристевски, Кузманоски, Тајник, Абутовиќ, Ѓорговски, Петровиќ
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 10 минути
Следниот натпревар за Еурофарм Пелистер е дербито со Вардар во СЦ „Јане Сандански“ в сабота попладне.