Со лесна гостинска победа екипата на Еурофарм Пелистер 2 ја започна сезоната во Првата лига. Момците на Александар Зарков целосно го надиграа младиот тим на Овче Поле. Свое шоу имаше младинскиот репрезентативец Мирче Калајџиевски, автор на дури дванаесет гола.
Ракомет
Прва лига 2024/25
Прво коло:
Овче Поле - Еурофарм Пелистер 2 23-43 (13-22)
Спортска сала „Цар Самоил“ - Свети Николе
Гледачи: 100
Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов
Овче Поле:
Тодоровски 2, Игњатов, Минов 6, Димчевски 6, Димитријев 1, Станоев, Ристов 2, Стаменков 3, Стефановски, Буровски 3, Денков, Сантовски, Трајчевски, Јанев, Ѓеров, Ристовски
Седмерци: 9/6
Исклучувања: 12 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Митревски 5, Блажевски, Димитровски 1, Калајџиовски 12, Пецаковски, Фахми, Гичев 7, Ивановски 8, Југовски 2, Дрогришки 8
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 минути
Во второто коло екипата на Александар Зарков, в недела попладне, ќе го пречека Мултиесенс.