b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_02_raul_press_dinamo.jpg

Еурофарм Пелистер е пред првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите во 2025 година. Тренерот Раул Алонсо во пресрет на дуелот од европската елита против Динамо Букурешт истакна дека моментално во мислите им е само натпреварот со романскиот шампион, за кого зборуваше со суперлативи.

На средбата со новинарите зборуваше и Египќанецот Мохамед Шабиб Мамдух.

Раул Алонсо
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Имавме тешки натпревари минатата недела. Посебно беа тешки и заради долгиот пат во Португалија. Мислам дека во Лисабон игравме 45 минути на одлично ниво и на крај можеби поразот беше преубедлив по настапот на екипата. Немавме многу време да го подготвиме натпреварот против Охрид, практично одработивме само еден тренинг. Бевме уморни, но играчите завршија одлична работа, го контролиравме натпреварот во секој момент и заслуживме да победиме. Сепак, оваа недела беше голем предизвик за нас.

Сега го подготвуваме натпреварот против Динамо Букурешт. Алкалоид ни доаѓа подоцна, па прво се спремаме за Романците. Откако еден ден се фокусиравме на рекуперација, сега сме во полна работа за мечот в четврток. Среќни сме што пак ќе играме во Европа пред нашите навивачи. Динамо Букурешт е одличен тим и има врвни ракометари на сите позиции и ги води одличен тренер како Давид Дејвис. Овој проект го започна Чави Пасквал, а Дејвис продолжи по истиот пат. Сепак, ние играме дома и знаеме дека сме многу силен тим пред нашите гледачи. Тие се важни за нас, ни даваат нова енергија и спремни сме а да одиграме добар натпревар. Покриени се на сите позиции, во одбраната, при контра напади, не менуваат многу ракометари. Ќе биде тешко, но ние како екипа сакаме ваков тип на натпревар. Резултатите во последните неколку недели не се позитивни за Динамо Букурешт, но сепак тоа повторно е голем тим. Сите натпревари во Лигата на шампионите се важни, но енергијата и поддршката од нашите навивачи ни се нов адут да дојдеме до позитивен резултат. Ни треба посебна вечер за да бидеме успешни

Мохамед Шабиб Мамдух
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Премногу емоционален натпревар за мене е натпреварот кој следи со Динамо Букурешт. Играв четири години таму, играв од почетокот на проектот, имам многу пријатели меѓу играчите, навивачите... Емоционално не ми лесно, но на крајот на денот ова е многу важен натпревар за нас, за место во осминафиналето. За нас важно е да победиме, но растот на Динамо Букурешт во последните четири години е видлив. Играа „фајнал-фор“ на Европската лига, играат добра групна фаза на Лигата на шампионите и проектот е на врвот. Но, сепак и ние добро играме сезонава, победуваме и одиме по зацртаниот план.

Одиме чекор по чекор, бидејќи овие натпревари се критични за нас сезонава. Нема многу време меѓу натпреварите, но навикнати сме на овој ритам. Најважно е да останеме мирни и да знаеме да се справиме со стресот. Не треба да брзаме и отсега да мислиме на следните натпревари. Мора да се бориме и да дадеме се што имаме в четврток.

Дуелот меѓу шампионот на Македонија и Романија се игра утре од 20:45 часот.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723