Легендарниот Анте Костелиќ денес беше во посета на спортската сала ,,Боро Чурлевски”, каде дојде да се потсети на сите моменти поминати во неа, а воедно ги посети и ракометарите, на кои им посака среќа за утрешниот натпревар.
„Јас не сакам да зборувам самиот за себе, но одушевен сум што Битола како град и овие луѓе не ме заборавија. Среќен сум што пак се видов со моите момци по толку многу години. Ванчо Јовановски ме дочека на аеродром, тука се моите момци од Битола: Христовски, Јусуфовски, Атаканасовски, Босеовски...
Се потсетивме на нашите убави денови, на нашите победи. Јас го водев Пелистер на 29 натпревари и забележавме 26 победи во лига како југословенската. Не е тоа шега. Ја посетив мојата стара улица „Питу Гули 43“ и се вративме со спомените каде живееме и каде мојот Ивица првпат застана на скии. Полн сум со емоции по ова мое враќање во Битола“, рече Анте Костелиќ.
86-годишникот доби признанија и признанија од ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, скијачкиот клуб Пелистер, а и Сојузот на спортови.