b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_05_ohfxzdvc.jpg

Охрид по пауза од две години повторно ќе биде центарот на македонскиот ракомет, откако Ракометната федерација на Македонија официјално го потврди градот како домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија. Турнирот е закажан за 31 мај и 1 јуни.

Во конкуренција за трофејот се четири екипи, првакот на Македонија, Еурофарм Пелистер, домаќинот Охрид , бранителот на титулата Алкалоид и Вардар 1981. На хартија токму на домашниот состав му се даваат најмали шанси, меѓутоа во актуелната сезона Охрид покажа дека може да се надигрува со секого.

Првично, завршницата беше планирана за овој викенд, но поради настапот на Алкалоид во финалето од ЕХФ Европскиот куп, федерацијата направи измени во календарот и го помести натпреварувањето за крајот на месецот.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723