b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_05_RAULO_ZA_KUPO.jpg

Овој викенд Охрид ќе биде домаќин на завршниот турнир на Купот на Македонија во ракомет. Титулата ја брани Алкалоид, кој ќе го отвори полуфиналето со дуел против Вардар 1961. Во второто полуфинале Еурофарм Пелистер ќе се сретне со домаќинот Охрид. Тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, го најави претстојниот натпревар против ГРК Охрид. Битолскиот суперлигаш силно посакува после долго време да го врати Куп-трофејот во својот град, а со тоа се сложува и Алонсо, кој рече дека неговиот тим точно ја знае својата мисија.

Раул Алонсо
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Ќе биде прекрасен викенд и веќе се подготвуваме за натпреварот против Охрид. Ќе имаме одлична атмосфера, а ние се фокусираме на освојување на трофејот. Сакаме да го вратиме во Битола после многу години. Сите екипи ќе бидат крајно мотивирани и мислам дека ќе решаваат мали детали. На ваквите турнири секогаш се можни изненадувања. Во моментов мислиме само на првиот меч, а со помошта на нашите навивачи, се надевам дека ќе се пласираме во финалето

Никола Митревски
(РК Еурофарм Пелистер)
Купот се два натпревари, турнирски систем и е поразлично и специфично. Се подготвуваме за полуфиналето, а двата победници имаат малку време за финалето. Моментална инспирација и индивидуален квалитет знаат да ги решаваат ваквите натпревари. Секако дека двата дена ќе бидат тешки, прво треба да се подготвиме само за мечот во сабота и да го добиеме првиот меч, а потоа ќе размислуваме за финалето. Прво да го победиме Охрид, па ќе се насочиме кон следниот предизвик.

Дуелот на Охрид и Еурофарм Пелистер се игра в сабота од 19:30 часот, а ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723