Екипата на Еурофарм Пелистер 2 дојде до победа над Македонија ЃП на домашен терен (42-24) и со максимален учинок патува во Суперлигата. За тимот од Битола, ова беше осумнаесетта победа на осумнаесеттиот меч.
Тимот предводен од тренерот Александар Зарков двапати во краток период славеше над „лавовите“ на кои сега им виси позицијата за бараж. Пелистерци доминираа од почеток до крај во Битола, на полувремето беше 18-13.
Ракомет
Прва лига 2025/26
Плеј-оф - 11. коло
Еурофарм Пелистер 2 - Македонија Ѓорче Петров 42-24 (18-13)
Спортска сала „Боро Чурлевски“
Гледачи: 300
Судии:
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Маркоски 2, Блажевски, Наумовски 1, Митревски, Димитровски 2, Калајџиовски 10, Пецаковски 1, Славков 2, Гичев 3, Марко Димовски 1, Белистојановски 5, Југовски 2, Дрогришки 2, Мохамед Азис 11
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути
Македонија Ѓорче Петров:
Божиновски 4, Чакалиќ 4, Иванов 3, Нацев 4, Терзиовски 1, Неделковски, Стојкоски, Лашникоски, Станојкоски, Таневски, Мартин Димовски, Костовски 2, Бучуковски 1, Ѓеровски, Марковски 5
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 4 минути
Момците на Александар Зарков ќе тренираат уште десетина дена, па заминуваат на заслужен одмор. Од следната сезона Еурофарм Пелистер ќе се натпреварува во Суперлигата и Битола пак ќе има два клуба во елитата.