Најталентираните млади ракометари на Еурофарм Пелистер, кои беа дел од јуниорската екипа која сезоната ја заврши како четвртопласирана во Европа добиваат професионални договори со клубот. По Стефан Лазаревски и Андреј Дамчевски на долга верност со матичниот клуб се обврза и Леонид Лозановски.
Левото крило во следните четири години ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2.
Лозановски беше дел од шампионската генерација во кадетска и вицешампионската во младинскa конкуренција, како и дел од завршниот турнир на Лигата на шампионите за млади категории.