Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ги дознае ривалите за новата сезона во Лигата на шампоните. Пелистерци кои трета година во низа ќе ја претставуваат Македонија во елитното ракометно клупско натпреварување, беа извлечени од третиот квалитативен сад.
Македонскиот шампион, ќе биде дел од Б групата. Таму за противници ќе ги има, актуелниот европски првак, германскиот Магдебурег, шпанската Барселона, францускиот ПСЖ. Тоа секако се фаворитите за највисок пласман, но тука се и: Висла Плоцк (Полска), ГОГ (Данска) и Пик Сегед (Унгарија) и Загреб (Хрватска).
Во групата А ќе играат: Фуксе Берлин, Алборг, Веспрем, Нант, Кјелце, Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, и Колстад.
Според извлекувањето и по редните броеви преку бергеровиот систем е направен првичен распоред. Според него Еурофарм Пелистер на стартот би тргнал на домашен паркет против ПСЖ, а потоа му следува гостување во Барселона, па домашен меч со ГОГ и гостување во Висла...
Првичен распоред за македонскиот првак во ЛШ:
1. коло: Еурофарм Пелистер - ПСЖ (10/11 септември 2025)
2. коло: Барселона - Еурофарм Пелистер (17/18 септември 2025)
3. коло: Еурофарм Пелистер - ГОГ Гудме (24/25 септември 2025)
4. коло: Висла Плок - Еурофарм Пелистер (08/09 октомври 2025)
5. коло: Еурофарм Пелистер - Загреб (15/16 октомври 2025)
6. коло: Магдебург - Еурофарм Пелистер (22/23 октомври 2025)
7. коло: Еурофарм Пелистер - ПИК Сегед (12/13 ноември 2025)
8. коло: ПИК Сегед - Еурофарм Пелистер (19/20 ноември 2025)
9. коло: Еурофарм Пелистер - Магдебург (26/27 ноември 2025)
10. коло: Загреб - Еурофарм Пелистер (03/04 декември 2025)
11. коло: Еурофарм Пелистер - Висла Плок (18/19 февруари 2026)
12. коло: ГОГ Гудме - Еурофарм Пелистер (25/26 февруари 2026)
13. коло: Еурофарм Пелистер - Барселона (04/05 март 2026)
14. коло: ПСЖ - Еурофарм Пелистер (11/12 март 2026)
Осминафинале:
01/02 април и 08/09 април 2026
Четвртфинале:
29/30 април и 6/7 мај 2026
„Фајнал-фор“:
13 и 14 јуни 2026
Инаку, Европската ракометна федерација - ЕХФ во наредните денови треба да го креира официјалниот распоред, а обично во него има промени поради телевизиските права, дерби натпреварите и слично.