b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_08_519360286_18391482421189535_388311942810062367_n.jpg

Напредокот на нашите најдобри млади ракометари е видлив и затоа клубот ги наградува со нови договори и промоција од младински во сениорски ракомет. Два важни елементи во прогресот на младинската екипа на Кире Митревски и Фарук Мемиќ денес ставија потпис на прв професионален договор со нашиот клуб.

Голманот Мелин Фехми и левиот бек Алдин Фехми се обврзаа на договор до јуни 2029 година со Еурофарм Пелистер 2. 16-годишниот Мелин и 18-годишниот Алдин се веќе неколку години дел од семејството Еурофарм Пелистер. Овие момчиња се родени во Кичево, но во Битола добија шанса да играат ракомет на највисоко ниво за нивната возраст и истата ја искористија. Со Мелин и Алдин во тимот, младинската екипа на Еурофарм Пелистер го освои четвртото место во првото издание на младинската Лига на шампиони.

Двата браќа Фехми уште од следната недела ќе му се стават на располагање на тренерот Александар Зарков и неговиот стручен штаб во подготовките за суперлигашката сезона на Еурофарм Пелистер 2.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723