b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_08_520867796_18391966381189535_7070298683816123813_n.jpg

Проектот и тимот за новата сезона е комплетен - најдобриот македонски ракометар и натаму ќе игра за најдобриот македонски тим!

Филип Кузмановски го продолжи договорот со шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, за уште една година и ќе го предводи тимот во одбрана на домашната титула и во походот во Лигата на шампионите. Капитенот на македонската репрезентација и капитен на Еурофарм Пелистер стави потпис на нов договор и ќе го продолжи својот победнички пат, кој започна уште од неговото доаѓање во Битола во ноември 2023 година.

29-годишниот Кузмановски е дете на Пелистер, созреваше во Металург, ја почувствува Бундеслигата, носејќи го дресот на Магдебург, Хановер и Вецлар и се врати уште покомплетен во својата Битола. Точно една деценија е незаменлив дел од македонската репрезентација, за која играше на пет Европски и пет Светски првенства, а беше дел и од еден завршен турнир на олимписки квалификации.

Филип Кузмановски следната недела ќе се јави на прозивката за почетокот на сезоната 2025/26.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723