Со работен состанок на клупската управа, стручниот штаб и медицинскиот тим, како и ростерот на професионални ракометари, денес започна сезоната 2025/26 на новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2. Најмладиот македонски клуб од елитната категорија по една година се врати во Суперлигата и седум недели по завршувањето на старата, ги започнува активностите во новата сезона.
На првата средба во спортската сала „Боро Чурлевски“ учествуваа сите ракометари, со исклучок на Иван Младенов, кој е дел од кадетската репрезентација која учествува на Европскииот младински фестивал во Скопје. Тој ќе се приклучи кон групата од понеделник на подготовките во Пехчево. Попладнево тренерот Александар Зарков ги претстави новајлиите и го образложи планот на подготовки.
Ростер на Еурофарм Пелистер 2 за сезоната 2025/26:
Голмани:
Мартин Јовановски
Иван Младенов
Мелин Фехми
Леви крила:
Иван Димитровски
Леонид Лозановски
Стефан Лазаревски
Леви бекови:
Христијан Митревски
Мохамед Азис
Томче Пецаковски
Алдин Фехми
Средни бекови:
Славчо Шулески
Стефан Дрогришки
Дамјан Наумовски
Десни бекови:
Баптист Одифред
Бојан Гичев
Илија Илијевски
Лука Ѓорѓиевски
Десни крила:
Ненад Белистојаноски
Јован Даневски
Андреј Дамчевски
Кружни напаѓачи:
Петар Маркоски
Иван Велески
Александар Славков
Стручен штаб:
Тренер: Александар Зарков
Асистент тренер: Васко Димитровски
Тренер на голмани: Зоран Атанасовски
Физиотерапевт: Иванчо Тодоровски
Дојдоа:
Славчо Шулески и Јован Даневски (Тиквеш), Баптист Одифред (Даипо Стип, Јапонија), Илија Илијевски (Вардар Неготино), Мелин и Алдин Фехми, Иван Велески, Леонид Лозановски, Лука Ѓорѓиевски, Андреј Дамчевски и Стефан Лазаревски (Еурофарм Пелистер - младинска екипа)
Заминаа:
Василије Печурица, Богдан Мијушковиќ, Никола Блажевски, Марко Димовски, Дејан Југовски
Првата фаза од подготовките ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе ги минат во Битола и в понеделник (28 јули) се селат на централните подготовки во Пехчево. На крајот од август почнува завршната фаза на одигрување на тест натпревари за воигрување и настап на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп од 21 до 24 август. Еурофарм Пелистер 2 е дел од групата со Пролет и Црвена Звезда (Србија).
Стартот на Суперлигата е предвидена за 6 септември, а во првото коло Еурофарм Пелистер 2 му гостува на Прилеп.