Минаа 45 дена од последната активност за сезоната 2024/25 и прославата на шампионската титула во Битола и ракометарите на Еурофарм Пелистер повторно се во работна атмосфера. Денес со работен состанок во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше означен старт на сезоната 2025/26. На средбата беа претставени новиот тренер Рубен Гарабаја и дел од новите ракометари во ростерот. Ибрахим Калед Валис и Рудолф Хекберт ќе се приклучат викендов за медицинските тестови.
На ракометарите им се обрати претседателот Зоран Стерјев, а тренерот ја претстави својата програма на работа за ова лето.
Ростер на Еурофарм Пелистер за сезоната 2025/26:
Голмани:
Никола Митревски
Саид Хаидарирад
Давид Брестовац
Леви крила:
Дејан Манасков
Петар Атанасијевиќ
Цветан Кузманоски
Леви бекови:
Филип Кузмановски
Ник Хенигман
Павле Атанасијевиќ
Средни бекови:
Домен Тајник
Мирче Калајџиески
Алем Хаџиќ
Десни бекови:
Усама Хосни
Нејц Цехте
Анџеј Видомски
Десни крила:
Богдан Радивојевиќ
Рудолф Хекберт
Кружни напаѓачи:
Ибрахим Калед Валис
Жарко Пешевски
Самоил Ристевски
Дефанзивец:
Илија Абутовиќ
Стручен штаб:
Тренер: Рубен Гарабаја Аренас
Асистент тренер: Алексо Лембанов
Тренер на голмани: Ице Соколески
Спортски директор: Ѕвонко Шундовски
Физиотерапевт: Небојша Василевски
Дојдоа:
Ибрахим Калед Валис (Бешикташ), Саид Хаидарирад (Партизан), Мирче Калајџиески (Еурофарм Пелистер 2), Рудолф Хекберт (Куенка), Ник Хенигман (Шартр), Анџеј Видомски (Гвардиа Ополе)
Заминаа:
Емилијан Ѓорговски, Урош Борзаш и Ненад Костески (Алкалоид), Мохамед Мамдух Шабиб, Филип Ивиќ, Павле Петровиќ (Линц)
Во првата фаза од подготовките ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се подготвуваат во Битола, а централната фаза ќе ја реализираат од четврти август на Златибор. Таму ќе се бруси формата десет дена и ќе се одиграат првите контролни натпревари. По враќањето во Македонија, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе учествуваат на турнирите во Охрид (19-23 август) и Скопје (28-31 август).
Првите официјални натпревари Еурофарм Пелисгер ќе ги одигра во септември. Суперкупот на Македонија против Вардар 1961 на 3 септември, првиот натпревар од Суперлигата на теренот на Бутел Скопје на 6/7 септември и првиот дуел од Лигата на шампионите против Загреб на 10/11 септември.