b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_08_garabaja_sundo.jpg

Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, веднаш по пристигнувањето ја имаше првата работна обврска во Битола. Со работен состанок и кратка тренинг сесија тој се претстави пред ракометарите, но и пред јавноста.

Рубен Гарабаја
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Како играч имам големо искуство, но како тренер работам три години има уште многу да учам. Мислам дека го одбрав вистинското место, бидејќи и Еурофарм Пелистер како клуб расте. Овој клуб има голем потенцијал и моја цел е да го искористам тој потенцијал на секој ракометар во услуга на тимот. Сакам секој навивач да биде горд на нашата игра и резултати.

Со Раул Гонзалез, Роберто Гарсија Парондо, Давид Дејвис бевме соиграчи во Ваљадолид, клуб кој веќе не постои како таков субјект. Сите зборуваме за една филозофија и еден вид на интерпретирање на ракометот, бидејќи наш учител беше Хуан Карлос Пастор. Тој секогаш велеше дека во секој од нас се крие потенцијален тренер и поттикна да стигнеме до тренерска кариера.

Македонското првенство е силно натпреварување, но наша цел е да победиме на секој натпревар и да ги освоиме сите домашни титули. Во Лигата на шампионите мое мото е да одиме натпревар по натпревар, но со интенција да победиме на секој од нив.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723