b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_08_novi_decki_2025.jpg

Нова сезона, нов предизвик!

Во шампионатот, Купот, Суперкупот на Македонија и Лигата на шампионите, во зелено-белиот дрес ќе гледате добро познати лица, но и новајлии кои едвај чекаат за заиграат пред најдобрата ракометна публика во светот.

Еве што мислат за потписот со Еурофарм Пелистер некои од летните засилувања на македонскиот шампион:

Саид Хаидарирад

Сакам да се заблагодарам на клубот кој ми ја понуди оваа можност да потпишам за Еурофарм Пелистер. Гледав многу натпревари минатата сезона, знам дека тука се навива како на фудбалски стадион и многу навивачи секогаш се со нас, Едвај чекам да ја почувствувам таа страст.

Тука сум да ги подобрам перформансите на тимот. Веќе играв во Лигата на шампионите, пет сезони за Динамо Букурешт, и со нетрпение го чекам почетокот на новата сезона. Знам многу мои нови соиграчи од претходно, Го знам Никола Митревскки, секогаш бевме ривали, и во Португалија и во Романија. Се знам со Богдан, Усама, ги знам сите останатите ракометари од настапите со репрезентацијата. Многу добро сум примен и пресреќен сум што сум тука.

Мирче Калајџиески

Ова е голем чекор за мене за напредок во кариерата. Имав среќа да гледам од трибините натпревари од Лигата на шампионите во Битола, а оваа година се надевам дека ќе дебитирам во натпреварувањето. Среќен сум што имам ваква можност, да научам од овие врвни ракометари. Многу од играчите ги познавам, не би требало да имам проблем да се вклопам во соблекувалната. Едвај чекам да ја почувствувам битолската атмосфера.

Анџеј Видомски

Веќе неколку дена сум во Битола, немав многу време да прошетам и да го запознаам градот, но моите први впечатоци се позитивни. Играм на позиција десен бек, сакам да играм „еден на еден“, шутот исто така ми е добра страна. Го гледав Еурофарм Пелистер на ТВ минатата сезона, ги следев натпреварите од Лигата на шампионите и одлучувачкиот натпревар против Вардар 1961.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723