b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_08_528458861_18394050715189535_705566630232964292_n.jpg

Шампионот на Македонија во ракомет, Еурофарм Пелистер, отпочнува нова акција во која ќе ги обедини на едно место своите легенди. Ги повикуваме сите битолчани и поранешни ракометари на РК Пелистер, РК Пелагонија, РК Работник, РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер со најмалку 101 натпревар за битолските клубови да бидат дел од нашите натпревари во сезоната 2025/26. На секој ракометар од Битола со најмалку 101 натпревар клубот ќе му подари сезонски билет за цела нова сезона и ќе му гарантира место во спортската сала „Боро Чурлевски“ на сите натпревари на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2. Акцијата важи за сите наши легенди битолчани и пелистерци. Би ни претставувала голема гордост на едно место на нашите натпревари да ги видиме ракометарите кои ја испишаа нашата историја и историјата на македонскиот ракомет. Затоа што колку што легенди има Пелистер, немаат сите други клубови заедно!

Сите легенди кои ќе учествуваат во акцијата можат своите сезонски билети да ги подигнат во канцеларијата на РК Еурофарм Пелистер најдоцна до 5 септември 2025 година.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723