b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_10_miravci_pelister.jpg

Првакот на Македонија, Еурофарм Пелистер, го запиша првиот пораз сезонава во Суперлигата. По голема борба и скоро два часа ракомет, битолчани загубија од Вардар 1961 во Скопје со 31-28 (16-14).

Домашниот состав диктираше темпо на почетокот на средбата, но брзо дојденцрвен картон на Вуко Борозан кој беше санкциониран за погруб старт над Филип Кузмановски. Вардар 1961 на полувреме водеше со 16-14, во вториот дел неизвесноста беше целосно вратена на 21-21, но „црвено-црните“ направија нова мини серија и направија солидна залиха која ја зачуваа до крајот.

Боно, Малус и Тузолана постигнаа по шест голови во редовите на Вардар, додека Манасков со девет погодоци се истакна во редовите на поразената екипа.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Петто коло

Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 31-28 (16-14)

Спортска сала „Јане Сандански“ - Скопје
Гледачи: 5.000
Судии: Методија и Михајло Илиевски
Црвен картон: Вуко Борозан (Вардар 1961)

Вардар 1961:
Валах, Гогов, Богдановски, Стојановски, Боно 6, Георгиевски 1, Митровиќ 2, Тузолана 6, Хориха 4, Атанасовски, Талески 3, Малус 6, Ќосевски, Јанковски 3, Борозан
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Манасков 9, Цехте 2, Хекберт, Тајник, Калид Валид, Хенигман 3, Радивојевиќ 4, Кузмановски 5, Абутовиќ, Калајџиовски, Пет. Атанасијевиќ, Пав. Атанасијевиќ 1, Пешевски 2, Хаџиќ, Хосни 2
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути

Во рамките на шестото коло, в недела попладне пелистерци го пречекуваат Охрид.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723