b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_10_321321321312.jpg

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер им се врати на победите. Во дербито од шестото коло на Суперлигата, пелистерци славеа против Охрид со 33-27.

Освен почетните 0-1 за охриѓани, се останато мина во знакот на Еурофарм Пелистер. Зелено-белите одржуваа предност два до три гола, на полувремето го завршија со +4 (18-14). Во вториот дел, пелистерци ја зацврстија играта во одбраната, заиграа побрзо во нападот и постепено ја зголемуваа разликата. Веќе во 40.минута ја одвоија разликата и поведоа со +8 (24-16). Тука веќе беше јасно дека, Охрид неможе да се надева на изненадување, па Еурофарм Пелистер ја впиша четвртата победа.

Најдобар стрелец на мечот беше Богдан Радивојевиќ со девет гола, пред Дејан Манасков со седум гола, додека капитенот Филип Кузмановски заврши со четири реализации. Голманот Никола Митревски собра 11 одбрани. Кај ГРК Охрид, Дарко Ѓукиќ имаше шест од шест, пред Тилен Стрмљан, Давид Савревски и Николаос Лапис, тројцата дадоа по пет гола.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Шесто коло

Еурофарм Пелистер - Охрид 33-27 (18-14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 2.500
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски
Црвен картон: Ориол Реј Моралес (Охрид)

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Мацанковски, Манасков 7, Цехте 2, Видомски 1, Тајник 3, Калид Валид 1, Хенигман 1, Радивојевиќ 9, Кузмановски 4, Абутовиќ 1, Калајџиовски 1, Петар Аатансијевиќ, Пешевски 2, Хосни 1, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 10 минути

Охрид:
Чаневски, Блажески, Ѓоргески, Стрмљан 5, Ојлески 2, Иванковиќ 1, Кукуловски, Вејин, Шипинковски, Ристевски, Реј Моралес, Савревски 5, Љапис 5, Бојаниќ 2, Петриќ 1, Ѓукиќ 6
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 8 минути

Во следното осмо коло Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723