Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа третиот пораз сезонава во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва загубија на гостувањето во Полска од Висла Плок со 36-25 (18-14) во рамки на четвртото коло во групата Б.
Македонскиот шампион одржуваше резултатска неизвесност само во воведните дваесет минути, кога Висла Плоцк при резултат 11-10 влезе во серија од 3-0 и на полувреме замина со предност од +4. Полскиот претставник продолжи да доминира на паркетот во второто полувреме, постепено зголемувајќи ја предноста која во 56. минута достигна највисоки +12 (34-22).
Манасков со седум голови беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер, а голманот Митревски запиша девет одбрани.
Ракомет
Лига на шампионите 2025/26
Б група
Четврто коло
Висла Плоцк - Еурофарм Пелистер 36-25 (18-14)
Спортска сала „Орлен Арена“ - Плоцк
Гледачи: 3.000
Судии: Мадс Хансен и Јеспер Јансен (Данска)
Висла Плоцк:
Алиловиќ, Бергеруд, Ричардсон 8, Сердио Гунтир 5, Михиќ 4, Зарабец 3, Фазекаш 3, Илиќ 3, Косоротов 3, Дашек 2, Јанц 2, Шушња 1, Давидзик 1, Зита 1, Самоила, Крајевски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Мацанковски, Манасков 7, Павле Атанасијевиќ 4, Хекберт 3, Хенигман 3, Пешевски 3, Кузманоски 2, Тајник 1, Калајџиески 1, Хосни 1, Видомвски, Калес Валид, Радивојевиќ, Абутовиќ, Петар Атанасијевиќ
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 8 минути
Во следното петто коло Еурофарм Пелистер ја пречекува Барселона во Битола.