Само дваесет часа по дуелот со Барселона во Лигата на шампионите против Барселона, првакот Еурофарм Пелистер одигра дуел од Суперлигата со Тиквеш и го совлада среде Кавадарци со 25-30 (12-15).
Пелистерци отворија подобро, погодуваа Тајник, Атанасијевиќ, Кузмановски и Валид за 1-4. Успеа домаќинот да се консолидира, па пријде до 3-5, ама бргу на семафорот се врати предноста од четири гола откако реализираа Валид и Видомски (3-7). Погоди Мартин Манасков за 5-7, а потоа гостите врзаа серија од 0-5 и се одлепија на седум разлика. Сепак, до полувремето домашните ја преполовија негативата и на одмор се замина со 12-15.
Успеа Тиквеш во второто полувреме да дојде и израмнување (18-18), но шампионот тука одново „додаде гас“ и до крајот повторно беше подобриот тим за петти триумф од стартот на сезоната
Во победничкиот табор со по пет гола се истакнаа браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, Домен Тајник и Рудолф Хекбарт.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Седмо коло
Тиквеш - Еурофарм Пелистер 25-30 (12-15)
Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци
Гледачи: 300
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Тиквеш:
Панов, Велков, Печурица, Хрстовски, Магде Ахмед 8, Стојановски 1, Цејовиќ, Петрески 1, Димовски 1, Лазов 1, М. Манасков 1, Коцев 7, Симиќ 2, Цветковски, Мијушковиќ 3, Гришикашвили
Седмерци: /
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Мацанковски, Манасков, Цехте 2, Видомски 1, Хекберт 5. Тајник 5, Калид Валид 3, Хенигман, Кузмановски 2, Абутовиќ, Калајџиовски 1, Петар Атанасијевиќ 5, Пешевски 1, Хосни, Павле Атанасијевиќ 5
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 4 минути
Во следното осмо коло, в сабота од 13:00 часот Еурофарм Пелистер го игра градското дерби со Еурофарм Пелистер 2.