b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_10_0.21.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер извојуваа победа над Еурофарм Пелистер 2 со 27-34 во натпреварот од осмото коло на македонската Суперлига. Братскиот дуел беше рамноправен 45 минути, но потоа првакот додаде „гас“ и стигна до шеста победа сезонава во домашниот шампионат. Актуелниот шампион на Македонија настапи без Никола Митревски, Домен Тајник, Жарко Пешевски и Усама Хосни, но и со комбиниран состав успеа да се избори за триумф. Зарков исто така имаше некомплетен ростер, бидејќи не настапија десниот бек Одифред Баптист и десното крило Ненад Белистојановски.

Еурофарм Пелистер 2 парираше во првото полувреме, иако фаворитот констатно имаше предност која најмногу одеше до три гола разлика (10-13). На пауза сепак се замина со нерешен резултат (18-18).

На срединат на вториот дел, Хекберт донесе плус четири (23-27), а во продолжение актуелниот првак покажа зошто е фаворит. До крајот избраниците на Гарабаја без поголема драма ја запишаа победата.

Најефикасен во тимот на Гарабаја беше Рудолф Хакбарт со седум голови, додека меѓу момците на Зарков ист учинок имаше Бојан Гичев. Одличен настап запишаа младите голмани Јован Мацанковски (10 одбрани) и Иван Младенов (11 одбрани). Во следното коло шампионот ќе го пречека Радовиш на домашен терен, а Еурофарм Пелистер 2 ќе има тешко гостување кај екипата на Алкалоид. Во меѓувреме првакот на Македонија в четврток во Лигата на шампионите гостува кај европскиот првак Магдебург.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Осмо коло

Еурофарм Пелистер 2 - Еурофарм Пелистер 27-34 (18-18)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Александар Шуковски и Иван Илиевски

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Марковски, Лозановски, Гичев 7, Даневски 1, Х. Митревски 1, Шулевски 2, А. Фехми 4, Димитровски, Пецаковски 3, Славков 3, Белистојановски, Дрогришки, Ѓорѓиевски 3, Мохамед Азис Бен Махфуд 3
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Мацанковски, Манасков 4, Цехте 2, Видомски 2, Хекберт 7, Тајник, Калид Валид 3, Хенингман 1, Кузмановски 5, Абутовиќ, Калајџиовски, Пет. Атанасијевиќ 5, Хаџиќ 5, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4 минути

Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека Радовиш, а Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Алкалоид Ракомет.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723