Селекторот на нашата машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот за ЕХФ неделата и двата контролни меча со слекцијата на Јапонија во Скопје. Повикани се пет ракометари на Еурофарм Пелистет: Никола Митревски, Жарко Пешевски, Павле Атанасијевиќ, Дејан Манасков и Филип Кузмановски.
Наптреварите се предвидени да се оддиграат на 30 октомври во спортската сала Автокоманда (натпревар од затворен тип) и на 1 ноември со почеток во 16:30 часот.
Собирот е закажан за 27 октомври во 13:30 часот во хотелот Александар Палас.