b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_10_ЦЕХТЕ.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаа да преиредат сензација и загубија од Магдебург со 36-26 на вечерашниот натпревар од шестото коло во Лигата на шампионите. Актуелниот европски шампион рутински го одработи овој предизвик и останува да биде перфектен и по шестото коло во групата Б.

Домаќините во вториот дел на првото полувреме заиграа на повисоко ниво и на пауза заминаа со плус шест (19:-3). Со оглед на разликата во квалитет уште тука беше јасно кој ќе ја однесе победата, но мораше да се одработат и вторите триесет минути во кои Магдебург се избори за двоцифрена предност.

Кузмановски со шест гола беше прв стрелец кај „зелено-белите“ за кои Митревски имаше осум интервенции. Магнусон со десет реализации беше најефикасен играч кај победникот.

Ракомет
Лига на шампионите 2025/26
Б група - шесто коло

Магдебург - Еурофарм Пелистер 36-26 (19-13)

Спортска сала „Гетек Арена“ - Магдебург
Гледачи: 7.500
Судии: Адам Биро и Оливер Киш (Унгарија)

Магдебург:
Хернандез, Мандиќ, Магнусон 10, Клар 5, Јенсен 5, Јонсон 3, Бартолд 3, Петерсон 2, Хорнке 2, Лагергрин 2, Кристјансен 1., Вебер 1, Мертенс 1, О Саливен 1, Зехел
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Кузмановски 6, Хаџиќ 4, Манасков 3, Пешевски 3, Цехте 2, Видомски 2, Радивојевиќ 2, Хекберт 1, Тајник 1, Калес Валид 1, Пав. Атанасијевиќ 1, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ, Хосни
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути

Во следното седмо коло, кое ќе се игра за три недели, Еурофарм Пелистер ќе го пречека ПИК Сегед од Унгарија.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723