b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_11_zarebutel.jpg

Ракометарите на шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер запишаа уште една убедлива победа во македонската Суперлига откако го совладаа Бутел со 31-21. Ова е десетта победа за шампионот и тоа со половина сили, бидејќи Гарабаја го изротира ростерот и им даде шанса на сите ракометари. Цехте, Радивојевиќ и Хенегман добија слободно попладне, а повратниците Хаидарирад и Ристевски имаа значајна улога во победата,

Битолчани тргнаа фуриозно уште од самиот почеток на мечот, откако дојдоа до предност од 9-2, ја тргнаа педалата од гас па Бутел почна да ја стабилизира играта. На одмор Еурофарм Пелистер отиде со предност од 16-10. Сликата беше слична и во второто полувреме, пелистерци ја зголемуваа предноста до конечни 31-21.

Видомски, Ристевски, Петар Атанасијевиќ со по пет постигнати голови беа најефикасни кај домаќинот. Во редовите на Бутел најдобар поединец беше Димитар Узунчев со шест погодоци, а еден помалку постигна Рио Козакаи.

Ракомет
Суперлига 2025/26
12. коло

Еурофарм Пелистер - Бутел Скопје 31-21 (16-10)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Манасков 4, Видомски 5, Ристевски 5, Хакберт 2, Тајник 2, Калид Валид, Кузмановски 2, Абутовиќ, Калајџиовск 3, Пет. Атанасијевиќ 5, Пешевски, Хосни, Хаџиќ 2, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 6 минути

Бутел Скопје:
Трајкоски, Ат. Трсунов, Божиновски, Тодевски, Ѓорѓиевски 1, Николов 2, Ар. Трсунов 1, Спасовски, Д. Узунчев 6, Киселовски 1, Каевски 2, Николовски, Михајловиќ 2, Козакаи 5, Зенговски, Гришикашвили 1
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 2 минути

Во следното 13. коло Еурофарм Пелистер му гостува на тимот на Пролет.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723