b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_12_areoh.jpg

По победата во најголемото дерби во македонскиот ракомет, Еурофарм Пелистер имаше нов сериозен предизвик во Суперлигата, но потклекна пред ракометарите на Охрид во дербито од 17. коло. Амбициозениот суперлигаш извојува победа од 29-25 (13-11) и му го нанесе вториот пораз на шампионот сезонава во домашниот шампионат.

Воведот од мечот беше очекуван и воглавно се играше гол за гол, а така беше и до самата завршница на првиот дел кога Охрид со три гола во низа направи убава предност, пред да се замине на пауза со резултат 13-11. Второто полувреме беше отворено со подобра игра на Охрид и домаќините за првпат стигнаа до +5, а потоа и до +7, откако „гладијаторите“ подобро се снајдоа по малата тензија која настана на теренот.

Еурофарм Пелистер до крајот се избори само за подостоен пораз и за конечни 29-25. Стефан Петриќ беше прво име во победничкиот тим со седум постигнати голови, додека најефикасен на паркетот беше Дејан Манасков со осум погодоци за Еурофарм Пелистер.

Ракомет
Суперлига 2025/26
17. коло

Охрид - Еурофарм Пелистер 29-25 (13-11)

Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид
Гледачи: 2.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Охрид:
Пилиповиќ, Блажевски, Реј Моралес, Стрмљан 2, Ојлески 4, Јагуриноски 3, Иванковиќ 1, Крсманчиќ 1, Тасески 2, Савревски 2, Лиапис 3, Петриќ 7, Ѓукиќ 4, Кукуловски, Шипинкоски, Ристески
Седмерци: 4/1
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидерирад, Манасков 8, Видомски, Ристевски, Хакбарт 1, Тајник 1, Хенигман, Радивојевиќ 1, Кузмановски 3, Абутовиќ, Калајџиовски, Пет. Атанасијевиќ 2, Пешевски 2, Хосни 3, Пав. Атанасијевиќ 4
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 12 минути

Во последното есенско коло, Еурофарм Пелистер ќе го пречека Тиквеш во спортската сала „Боро Чурлевски“.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723