Со свечена академија се потсетивме на седумте децении организирано ракометно движење под името Пелистер. Надојдоа емоциите со видео-пораки од целиот свет, а со овации беа наградени оние кои предвреме нè напуштија.
Уникатно задоволство беше да се видат Цане Крстевски и Касим Каменица на клупите, а Пепи Манасков, Кире Поповски, Александар Мирзамамедов, Душан Новокмет, Александар Зарков, Игор Николовски, Златко Димитровски, Слободан Николиќ и уште многу, многу други...
Ако нешто ви значи резултатот, „зелениот“ Пелистер го совлада „синиот“ Пелистер со 18-17.
Нека ни е вечен Пелистер!






