Еурофарм Пелистер го претрпе деветтиот пораз на единаесеттиот натпревар во Лигата на шампионите, овојпат од екипата на Висла Плоцк која вечерва славеше со 25-28.
Македонскиот првак почна лошо и првиот гол го постигна по шест миниути игра кога бркаше негатива од 0-3, па во таква насока продолжи и останатиот дел од првото полувреме, кое Пелистер го заврши со негатива од 9-13..
Гостинскиот тим си создаде солидна предност и истата продолжи да ја гради со 15-20, а тогаш следеше најдобрата серија на домашниот тим. Еурофарм Пелистер успеа да се приближи на само минус еден со серија од 4-0, но кога требаше да направи завршен исчекор кон пресврт, едноставно снема сила и енергија во домашниот табор. Висла Плоцк одново се дистанцираше и стигна до комотна предност, па на крајот заслужено славеше со 25-28 за прва победа во Битола.
Најпрецизни кај победничкиот тим беа Митја Јанц со седум и Герго Фазекаш со шест гола, додека по четири погодоци за Еурофарм Пелистер постигнаа Тајник, Петар Атанасијевиќ и Пешевски. За полскиот тим ова е седма победа во Лигата на шампиони, додека Еурофарм Пелистер остана на две на три кола пред крајот.
Ракомет
Лига на шампиони 2025/26
Б група
11. коло
Еурофарм Пелистер - Висла Плоцк 25-28 (9-13)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.300
Судии: Томас Барисас и Павлис Петрусис (Литванија)
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Брестовац, Тајник 4, Пет. Атанасијевиќ 4, Пешевски 4, Кузмановски 3, Манасков 2, Видомски 2, Хакбарт 2, Пав. Атанасијевиќ 2, Хенигман 1, Хосни 1, Ристевски, Радивојевиќ, Абутовиќ
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 8 минути
Висла Плоцк:
Бергеруд, Алиловиќ, Јанц 7, Фазекаш 6, Ричардсон 5, Давидзик 4, Дашек 1, Шушња 1, Зарабец 1, Крајевски 1, Илиќ 1, Зита 1, Срочик, Самолиа, Михиќ, Косоротов
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 12 минути
Во следното 12. коло Еурофарм Пелистер гостува кај првакот на Данска - ГОГ Гудме.






