b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_03_kjikjiujhykju.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на најдобар можен начин се одјавија од Европа пред битолската публика, бидејќи на последниот меч пред своја публика режираа вистински спектакл.

Македонскиот првак во последната рунда ќе има гостување кај Барселона, но пред да мисли на тоа, на последниот меч на домашен терен одигра фајтерски против моќниот ПСЖ и на крајот се избори за бод на херојски начин (34-34).

ПСЖ диктираше цел натпревар, се чинеше дека е за нијанса подобар тим од оној кој го предводи Алушовски, но непоколебливите домаќините во последната минута постигнаа два гола и избегнаа пораз. При резултат 32-34 се доби впечаток дека Еурофарм Пелистер ќе доживее уште еден тесен пораз, но во финишот следеше рапсодија на теренот, во која Дејан Манасков постигна гол во завршните секунди за 34:34 и ерупција на трибините.

Јунакот Манасков го заврши мечот со пет гола зад своето име, додека прво име во претходниот дел од мечот беше капитенот Филип Кузмановски кој запиша дури десет реализации.

Ракомет
Лига на шампиони 2025/26
Б група
13. коло:

Еурофарм Пелистер - ПСЖ 34-34 (15-18)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.300
Судии: Денис Болиќ и Христоф Хулич

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Кузмановски 10, Манасков 5, Видовски 4, Тајник 4, Хенигман 4, Хосни 3, Граховац 1, Радивојевиќ 1, Пешевски 1, Пав. Атанасијевиќ 1, Ристевски, Хакбарт, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 6 минути

ПСЖ:
Грин. Ловквист, Омар Јахија 10, Сипжак 6, Пранди 5, Карлсон 3, Гребиј 3, Стеинс 2, Соле 2, Мараш 1, Хелдал 1, Пелека 1, Конан, Карабатиќ, Годин, Лоредон
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 8 минути

Во последното 14. коло Еурофарм Пелистер в среда гостува во Барселона.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723