Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа против Струга со 44-19 во првиот меч од четвртфиналната група Г во Купот на Македонија.
Екипата од Битола настапи со комбиниран состав, а без посериозни проблеми успеа да го надигра ривалот и да оствари убедлива победа (44-19). Одмор од тренерот Алушовски добија капитенот Кузмановски, Митревски, Тајник, Граховац…па поголема шанса за игра имаа Хекбарт, Хаџиќ, Петар Атанасијевиќ…
За пласман на Ф4 екипата на Алушовски ќе игра против Прилеп, в петок од 16:00 часот.
Група Г
Прилеп – Драчево Јуниор 41-34
Струга – Еурофарм Пелистер 19-44
финале,:Еурофарм Пелистер – Прилеп






