b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_03_alkusa_baraca.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги чека гостување кај Барселона во Лигата на шампионите, дуел кој за битолскиот состав ќе биде последен во ракометната елита бидејќи од претходно ги загубија шансите за место во плеј=офот.

Стевче Алушовски и Никола Граховац го најавија натпреварот во денешната средба со новинарите.

Стевче Алушовски
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Барселона е лидер во нашата група и во моментов игра можеби најдобар ракомет во Европа. Составена е од голем број интернационалци, како искусни, така и млади репрезентативци на Шпанија. Оваа екипа има систем кој долго го игра. Ние нема што да загубиме на овој натпревар, туку можеме само да добиеме. Најмногу за да останеме во еден силен натпреварувачки ритам, затоа што веќе в недела ни следи дербито на сезоната. Се подготвуваме за Барса како и за секој друг натпревар, бидејќи добро ни дојдоа овие 3-4 натпревари од Европа за да бидеме максимални во плеј-офот. Анализираме кои се слабите страни во одбрана и во напад, ќе пробаме да го имплементираме нашиот систем и да одговориме на играта на Барселона. Имаме мали кадровски проблеми, Филип Кузмановски уште не е во тренажен процес, но се подготвуваме максимално. Очекувам натпревар за уживање, можеби нема да биде сличен како оној во Битола, но ќе се обидеме да изненадиме ако ни се укаже шанса.

Никола Граховац
(РК Еурофарм Пелистер)

Тешко е да се припремате на Барселона, можеби најдобриот клуб во историјата на ракометот. На секој играч му е чест да игра против Барса, тоа е сон на секое момче кое ќе почне да игра ракомет, Дополнителна мотивација не треба, но треба да бидеме свесни дека в недела го играме најважниот натпревар во сезоната - против Вардар 1961. Се спремаме за двата натпревари. Работиме секојдневно за да напредуваме. Последните два натпревари во Лигата на шампионите но донесоа многу добри работи. Екипата расте, добро работиме и нема за што да стравуваме.

Правдата во Каталонија ќе ја делат Свавар Петурсон и Сигурдур Трастарсон. Натпреварот меѓу Барселона и Еурофарм Пелистер се игра на 11 март со почеток од 20:45 часот.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723