Еурофарм Пелистер и Вардар одиграа уште едно квалитетно македонско ракометно дерби, а поуспешни на крајот беа гостите од Скопје, кои подобро се снајдоа во завршниот период и заслужено стигнаа до победа со резултат 22-27.
Битолчани го контролираа резултатот во првиот дел и на одмор заминаа со гол предност (12-11), а двете екипи долго не дозволуваа одлепување на противникот, барем се додека Вардар не дојде до 19-22.
Еурофарм Пелистер не успеа целосно да се врати во натпреварот, а во обидот да ја стопи негативата беа исфорсирани неколку завршници кои не завршија со реализација, а Вардар казнуваше на спротивната страна и стигна до убедлив триумф.
Малус со осум и Лазаревски со седум голови беа најдобри поединци во победничкиот состав, додека кај Еурофарм Пелистер, Кузмановски и Манасков беа дел од групата ракометари со по три погодоци.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-оф - второ коло
Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 22-27 (12-11)
Спортска сала: „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.300
Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари (Скопје)
Eурофарм Пелистер:
Митревски, Хеидарирад, Абутовиќ, Манасков 3, Видомски 3, Ристевски, Хакбарт 3, Граховав 1, Хенигман 1, Радивојевиќ 2, Кузмановски 3, Петар Атанасијевиќ 2, Хосни 2, Хаџиќ, Павле Атанасијевиќ 1
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 2 минути
Вардар 1961:
Валах, Гогов, Стојановски, Воркапиќ 2, Боно, Георгиевски 2, Кеита, Митровиќ, Атанасовски, Силва 3, Малус 8, Јанковски, Хориха 1, Танкоски, Тузолана 4, Лазаревски 7
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Во следното трето коло Еурофарм Пелистер гостува кај Бутел Скопје.






