Шампионот Еурофарм Пелистер официјално потврди дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот Стевче Алушовски си поднесе оставка од својата позиција.
Клубот ја прифати оставката и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа во овие околу четири месеци колку што беше на клупата. До крајот на сезоната екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов.






