Нашиот проект да имплементираме квалитетни млади ракометари кон сениорскиот тим продолжува. Како и минатите сезони, така и оваа, промовираме ракометари од развојниот Еурофарм Пелистер 2 во тимот кој се бори за титули - Еурофарм Пелистер.
Младинското репрезентативно крило, Ненад Белистојаноски, од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Тој се обврза на договор до јуни 2028 година со шампионот на Македонија и со раширани раце го чекаме на јулските подготовки. 21-годишното десно крило е родено во Прилеп, но целосно се изгради како ракометар во Битола, ги прескокна сите скалила и дојде пред вратите на сениорскиот тим, веруваме во иднина и во националната репрезентација.
Официјалното претставување на Белистојаноски како член на Еурофарм Пелистер е предвидено на почетокот од подготовките за следната сезона.






