b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_05_malus-1-2048x1366.jpeg
Еурофарм Пелистер го претрпе третиот пораз во плеј-офот и убедливо загуби на гостувањето во Скопје кај Вардар 1961 со 34-19 (18-12). Со овој пораз битолскиот суперлигаш ја предаде титулата по тригодишна доминација. 
Еурофарм Пелистер водеше само со почетните 0-1, но продолжението помина во знакот на Вардар. Со неколку кратки серии, домаќинот стекна сигурна предност, а на пауза замина со највисоки до тој момент шест разлика (18-12).
Почетокот на второто полувреме донесе уште полоша игра на пелистерци, посебно во нападот каде што како да немаа идеја како да ја затресат мрежата на Валах. Цели десет минути битолскиот состав беше без гол и за тој период Вардар дојде до двоцифрена разлика (22-12). Слабата ефикасност на Еурофарм Пелистер продолжи и во наредните минути, па така прашање беше само колку убедливо избраниците на Чупиќ ќе слават. Финалните петнаесет разлика се најубедлив домашен пораз на Еурофарм Пелистер во последната деценија. 
Најдобар стрелец кај Вардар беше Урош Митровиќ со осум гола, го следеше Јака Малус со шест гола, а голманите Гогов и Валах имаа по седум одбрани. Кај Еурофарм Пелистер, Радивојевиќ и Кузмановски дадоа по пет гола, а Никола Митревски забележа осум одбрани.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-оф - седмо коло
Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 34-19 (18-12)
Спортска сала „Јане Сандански“ - Скопје
Гледачи: 5.000
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Вардар 1961:
Валах, Гогов, Стојановски 1, Воркапиќ, Боно 1, Георгиевски 4, Кеита, Митровиќ 8, Танкоски, Лазаревски 5, Тузалана 2, Хориха 3, Митоса, Анастасовски 1, Да Силва 2, Малус 6, Јанковски 1
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Манасков 1, Видомски 1, Ристевски 2, Хакбарт 1, Тајник, Граховац, Хенигман, Радивојевиќ 5, Кузмановски 5, Абутовиќ, Калајџиовски, Пет. Атанасијевиќ 1, Пешевски 1, Пав. Атанасијевиќ 2
Седмерци: 6/2
Исклучувања: 2 минути
Во следното осмо коло од разигрувањето за титула Еурофарм Пелистер ќе го пречека Бутел Скопје. 

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723